Им ѕвонат, но недостапни се. Корисници на мобилната телефонија на Македонски телеком со денови се соочуваат со проблеми.

Пријатели ми велат, со денови ти ѕвониме, но не можеме да те добиеме. Или ѕвони до крај или се уклучува мејли – се жалат многу граѓани, на кои овие денови им се делумно ускратени услугите на мобилната телефонија на Телеком.

Оттаму за „Република“, тврдат дека проблемот е краткотраен и набрзо ќе биде надминат.

Во текот на месец  април, Македонски Телеком интензивно работи на надградба на мобилната мрежа со опрема од најнова технологија, со која значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата. За таа цел, на терен се врши замена на опремата со нова, во градот и околината на Скопје, при што може да се појават повремени прекини или намалување на квалитетот на сервисите кај мал дел од корисниците. Работата на терен се врши етапно, по реони, за што сите корисници претходно се информираат (преку СМС пораки), како и Агенцијата за електронски комуникации. Се надеваме на разбирање, имајќи предвид дека се работи за надградби на мрежата за подобро корисничко искуство – велат од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.