Со новото законско решение за работните односи се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, а не се воведува работна недела од 60 часа, тврди вицепремеирот Фатмир Битиќи. Тој вели дека никаде не пишува дека законското решение уредува работна недела од 60 работни часа.

Тоа се 40 работни часа, со можност за прекувремени часови. Не го бараме за да биде универзално за сите, туку за инвестиции од стратешки карактер, и работникот доколку се согласи. Во сегашното решенија го има, но не е доречено. Заислете работникот работи осум часа, се асфалтира и на осмиот час велат ни заврши работното време. Затоа сакаме да го смениме законското решение, вели Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.