Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка (НБ).
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во декември, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 1,22 п.п. Просечната каматна стапка, пак, на новопримените депозити изнесува 1,34 отсто и забележа месечен раст од 0,07 п.п и годишен раст од 0,64 п.п., посочуваат од НБ.
Во декември, како што нагласуваат од НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,09 п.п..
Промената на месечно ниво е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,16 п.п.), како и на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,02 п.п.). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,36 п.п., прецизираат од НБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.