Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во текот на вчерашниот ден оствари две одделни работни средби со претставници на сметководителите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) и Комора на сметководители на Македонија (CAM).

Во рамки на средбите една од главните теми беше дека навремено поднесување на ДДВ пријавите во законскиот рок, но и точното пријавување без дополнителни исправки на пријавите, како и плаќањето на точен износ на данок во законскиот рок е заеднички предизвик и за Управата за јавни приходи и за самите сметководители односно компании. Ова се најважните компоненти за даночниот рејтинг на една компанија се согласија сите и во таа насока разговараа и за предлогот на компаниите за објавување “бела листа” на даночни обврзници, за што директорката истакна дека Управата за јавни приходи во следниот период ќе најде можност да го обелоденува даночниот рејтинг и да ги промовира позитивните примери за одговорно даночно однесување.

Се истакна и тоа дека услугите на сметководителите кон нивните клиенти, во најголем дел се поврзани и зависат од процесите во Управата за јавни приходи, и сметководителите очекуваат од УЈП да добиваат конзистентни пристапи, унифицирани пракси, навремени услуги, соработка во регулацијата на овластувањата за поднесување даночни пријави и биланси и сл.

Состаноците завршија со заклучоци за формализирање на соработката меѓу УЈП и овие здруженија на сметководителите во претстојниот период. На овој начин првенствено УЈП ќе стекне сигурност дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите за точно исполнување на даночните обврски.

Воедно, УЈП ќе има партнер при имплементирањето на одржливи дигитални услуги според практичните потреби и можности на директните корисници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.