Министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на телевизија „Алсат“ открива дека дури 70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана струја од државата, како мерка за намалување на цените и запирање на инфлацијата, не ги поевтиниле цените на своите прехранбени производи.
Бектеши во гостувањето во емисијата „Економски магазин“, вели дека во најава се парични казни, но и затворање на некои од овие фирми.
Преку 250 компании користеа поевтина струја која ја субвенционираше државата, како мерка со која требаше да престане растот на цените на храната.
Бектеши сега вели дека значителен дел од овие компании, односно над 60 или 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги држат истите цени од ноември, пред да почне субвенционирањето на струјата. Затоа, Бектеши најавува дека на крајот на месецов ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка.
Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта“, вели Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.