Енергетската криза кулминира, а гас за греење има уште за утре. Вакво нешто станува јасно откако БЕГ ја повика Владата да ја преземе компанијата до крајот на грејната сезона.

За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.Енергетската криза во Македонија доведе до покачување на цената на парното доведе до проблеми кај самите граѓани, но и кај компанијата која го снабдува Скопје со парно греење – порачуваат од БЕГ.

Иако подолго време имаше најави дека доаѓа голема енргетска криза, Владата речиси половина година не презеде ништо за тоа, па државата дојде до ситуација граѓаните да плаќаат повисоки сметки, и тоа за греење кое можеби и ќе го немаат.

Централната власт последниов период се обиде одговорноста да ја префрли кон локалната власт, која нема никакви законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата, па јасно е зошто БЕГ во оваа криза бара помош токму од Илинденска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.