Надминат е проблемот поврзан со картичките на „Виза“ и „МастерКард“, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.

Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението.

Од Македонската банкарска асоцијација денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови „Виза“ и „МастерКард“ се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Како што информираа, причината за проблемот не била поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.