Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, ексклузивно дознава „Фактор“.

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на „Лидл“ во Македонија. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации за која сума е комплетирана зделката.

„Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија на почетокот од 2021 година, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Оваа компанија која е една од најголемите компании во малопродажбата во светот, тогаш ја регистрираше подружницата Лидл Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар.

Повеќе на „Фактор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.