За два месеци Македонија ќе добие нов автопат. Делницата Прилеп – Градско ќе биде завршена до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 – 130 километри на час.

 „Република“ извозе долж делницата и е увери дека работите привршуваат. Се поставуваат патоказите за влезовите и излезите, таблите за ограничување на брзината и заштитната ограда.

Со ова ќе се скрати патувањето кон Прилеп и нема да се минува низ клисурата кај Дреново која зиме знае да биде опасна за возење.

Ова ќе биде прва делница пуштена во употреба од доаѓањето на новата власт. Како што најави министерот за транспорт Александар Николоски, автопатот Кичево-Охрид треба да биде готов до крајот на 2026 година, а вчера беше означен стартот на изградбата на автопатот Гостивар-Кичево со што ќе се избегне превојот Стража.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.