Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни, и сопствено производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализаираше исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделски стопанства дека во тек е аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до 30 јуни 2023 година.

Земјоделските стопанства своите апликации за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски да се пријават преку порталот е-субвенции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.