Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства, кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност, согласно законот за вршење на земјоделска дејност, или регистрирани како индивидуални земјоделци, согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Исплатени се 58,9 милиони денари дополнителна поддршка кон 1.925 регистрирани земјоделци.

Како корисници на дополнителната помош се јавуваат земјоделски стопанства корисници на директните плаќања и кои имаат пријавени соодветни површини и животни:

  • од минимум 5 до максимум 50 ха пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал
  • од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со градинарски култури
  • од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со овошни насади
  • од минимум 1 до максимум 10 ха пријавена површина со лозови насади
  • од минимум 10 до максимум 50 грла говеда
  • од минимум 101 до максимум 500 грла овци
  • од минимум 50 до максимум 150 грла кози
  • од минимум 6 до максимум 50 грла – маторици
  • од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства

Како министерство заедно со АФПЗРР водиме искрена грижа за секој еден земјоделец, со посебен акцент и поддршка на оние земјоделци чија основна дејност е земјоделството. Токму во таа насока законот за земјоделство и рурален развој, како и програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа категорија на земјоделци дава право на 20дополнителна финансиска поддршка.

Денес со новиот модел за субвенционирање земјоделците се сведоци на навремена и брза исплата на заслужените субвенции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.