Неименувани владини извори соопштија дека Индија од почетокот на октомври ќе забрани извоз на шеќер во следната сезона, што е првпат во изминатите седум години. Таквата одлука најверојатно ќе ја зголеми цената на шеќерот на берзите во Њујорк и во Лондон.
Нашиот примарен фокус е да ги исполниме локалните барања и да произведуваме етанол од вишок шеќерна трска. Во наредната сезона нема да имаме доволно шеќер за извозни квоти, истакна неименуван владин извор.
Индија им дозволи на фабриките да извезат само 6,1 милиони тони шеќер во текот на тековната сезона до 30 септември, откако минатата сезона им дозволи да продадат рекордни 11,1 милиони тони.
Според официјалните податоци, во западната држава Махараштра и јужната држава Карнатака, кои заедно сочинуваат повеќе од половина од вкупното производство на шеќер во Индија, досега пријавија дека производството е дури за 50 проценти под просекот.
Локалните цени на шеќерот оваа недела се искачија на највисокото ниво во изминатите две години, поради што Владата им дозволи на фабриките да продадат дополнителни 200.000 тони во август.
Индија во 2016 година воведе данок на извозот на шеќер од 20 проценти со цел да ја ограничи продажбата во странство.
Индија минатиот месец воведе за извоз на бел ориз, кој не е басмати, а минатата недела воведе царина од 40 отсто за извозот на кромид, со цел да ги смири цените на храната пред националните избори на крајот на годината
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.