Меѓународниот монетарен фонд најавува тешка зима, барем двојно потешка од она што го очекува Владата. Во последниот извештај ММФ прогнозира дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се поставени прилично оптимистички на само 5,6%.
MMФ во последниот извештај вели дека високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025-тата.
ММФ прогнозира дека растот на македонската економија оваа година ќе достигне 2,5%, што е прилично оптимистичка прогноза имајќи предвид дека во првите три месеци во годината македонската економија порасна за само 2,1% , а во второто тримесечие за само 1,1% процент.
За потсетување, кога Владата го направи буџетот за оваа година прогнозираше дека економскиот раст ќе биде 2,9%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.