Вештачката интелигенција (AI) може да предизвика сериозни нарушувања на пазарот на трудот, предупреди првиот заменик директор на ММФ Гита Гопинат, апелирајќи до законодавците што поскоро да ја регулираат употребата на новата технологија.

„Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулирањето на сите области, но и во подготовката за веројатни значителни нарушувања на пазарите на трудот“, рече Гопинат вчера во интервју за финансискиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Таа им порача на владите да ги зајакнат мрежите за социјална заштита за работниците чии работни места ќе бидат загрозени од вештачката интелигенција и да се погрижат даночните мерки да не ги наградуваат компаниите што ги заменуваат работниците со машини.

Мора да се погрижат и компаниите да не градат недостижна позиција во новата технологија“, нагласи претставникот на ММФ.

„Не сакате ултра големи компании со огромни количини на податоци и компјутерска моќ што им дава неправедна предност“, изјави Гопинат за ФТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.