Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во општина Петровец зборуваше за јавниот и државниот долг каде потенцираше дека задолжувањето на граѓаните не било никогаш поголемо.

Напишав вчера еден статус на социјалните медиуми, оваа влада за 5 години, почнувајќи од 1 јануари 2018-завршувајќи со 31 декември 2022, значи 2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 година, тоа се 5 години, за 5 години успеаја да ја задолжат Македонија повеќе отколку претходните влади во 14 години. Сега намерно не ја споменувам владата само на ВМРО-ДПМНЕ, за да не излезе дека зборуваме само за ВМРО-ДПМНЕ. Еве во периодот од 2003 година 1 јануари до 2006 додека се формираше владата на ВМРО-ДПМНЕ беше влада на СДСМ, различни премиери во тој период, затоа го опфаќам периодот од 1 јануари 2003тата година до 31 декември 2016 година, значи речиси три пати пократок период, а помало задолжување наспроти оваа влада. И ќе ве потсетам тоа е период кога излеговме од татковинската војна, тоа е период кога излеговме од две огромни кризи, тоа се должничко-доверителската криза и финансиската криза, светски кризи кои и според сите експерти велат дека биле многу со пострашен ефект во економијата од ковид пандемијата. Значи во еден така сложен период, задолжувањето на грбот на граѓаните било помало отколку што го направи оваа влада за три пати пократок временски период – рече Мицкоски.

Мицкоски на крај порача дека иако задолжувањето е најголемо до сега, сепак власта не направи ни километар автопат, нема нови проекти, а исто така и бизнисот не е задоволен. Имено Мицкоски според ова запраша каде отишле парите при што посочи дека многу е јасно дека власта ги украла тие пари.

Одговорот на тоа прашање е дали вие гледате километар автопат-не гледате, дали вие гледате некои нови проекти кои што се прават, не ги гледате, дали е задоволен бизнисот не е задоволен, каде отишле парите-ги украле, многу едноставно – додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.