Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Прилеп запрашан дали верува дека ќе се изгради експресниот пат Прилеп-Градско кој е пролонгиран потенцираше дека оваа влада нема абер од градење затоа што не можат да се договорат околу провизиите кој колку да земе.
-33 километри ги градат 7 години, требаше овој јули да се пушти, еве го јули дојде абер нема од патот, а тоа е така затоа што не можат да се договорат со провизиите кој колку да земе, кој колку да подели овие кланови за кој што зборував на почетокот од моето интервју, рече тој.
Мицкоски порача дека за многу брзо време со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку онака како што Македонија, Прилеп и луѓето од Пелагонија заслужуваат.
-Ќе повторам за неколку месеци од денеска имаме нова влада на ВМРО-ДПМНЕ, се ќе биде на брза трака, се ќе биде поинаку, онака како што Македонија, Прилеп и луѓето од Пелагонија заслужуваат, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.