Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода.
Мицкоски додаде дека тоа е така бидејќи во 2021 и 2022 година од државниот буџет сите граѓани префрлиле на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ повеќе од 265 милиони евра. А, само во 2022 година заклучно ноември, без декември се префрлени 180 милиони евра. А, со декември ќе бидат повеќе од 200 милиони евра.
И како одат тие пари? Од државниот буџет се префрлаат во ЕСМ, а ЕСМ распишува тендер за ископ, се уценуваат компании да не се пријавуваат на тој тендер за ископ и поради итност се потпишува договор во четири очи. Истото тоа се прави и со мазутот, истото тоа се прави и со увезениот јаглен односно транспортот и истото тоа се прави со авансното плаќање на фактурите за увезена струја – заклучи тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека од тие 200 милиони, проценките се дека најмалку 30 милиони се крадат. И Мицкоски ги повика сите оние кои што се повикуваат на борба против криминалот и корупцијата да отидат и да ги отворат документите и ќе увидат каде е криминалот.
Затоа ниската тарифа од 0,6 ќе стане 1,3 денари – нагласи тој.
Мицкоски околу увозот за струја рече дека за месец и половина почнувајќи од 7-ми или 10-ти ноември до крајот на 2022 година се повеќе од 45 милиони евра.
А, цело време ги слушаме како кажуваат дека произведуваат, дека задоволени се потребите, готово нема увоз итн. А, еве јас ви тврдам, нека ме демантираат дека само за само еден и половина месец се потрошени од страна на АД ЕСМ повеќе од 45 милиони евра, укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Не се пресметани трошоците за cross border капацитетите и доколку ги пресметате и тие, ќе добиете некаде околу 600 илјади евра разлика, не 800 илјади, што е повторно прилично имајќи предвид дека 2 милиони е целата зделка. Значи 30% имате профит, што е нешто неверојатно. Тоа авансно се плаќа. Ете така се краде Македонија. И секој кој што ќе каже борба против корупција, еве веднаш ви кажувам пример – нагласи Мицкоски одговарајќи на прашањето како ја коментира набавната цена на струјата за 40% поголема од пазарната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.