Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница, кој се одржа во Лондон, се осврна на енергетиката за која рече дека денес таа е важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина, соопшти владината прес-служба.
-Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. Да нагласам дека реализацијата на енергетските проекти бара време, не може само да замислиш и веднаш истото да се реализира. Мора да направиш план, да ја завршиш домашната работа и потоа да следи една декада до реализација, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, „бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание“.
-Мора да ги консолидираме нашите планови и да работиме заедно, затоа што без разлика дали сме членови на ЕУ или кандидати за членство, ние мора да работиме заедно, затоа што сите ние сме поврзани. Ние сме мала земја, ние не сме голем консумер на енергија, но сме значен дел затоа што сите транзитни договори низ Украина истекуваат до крајот на годината. Единственото решение ќе останат јужниот и турскиот поток што значи руски гас и Русија ќе го искористи тоа за политичко влијание. Затоа мора да најдеме начин како да го замениме рускиот гас со други извори, кажа премиерот Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.