Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со којшто компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, иначе таман работа сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании кои што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски истакна дека сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото.

„Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски РЕК „Осломеј“, битолски РЕК „Битола“, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата, сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото, тоа е суштината на работа“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан во периодот што следи, и додаде:

„Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.