Владата повторно е не фер и нечесна кон оние што си ги завршуваат обврските, односно сите кои ги плаќаат своите давачките, се лојални граѓани и со законот за солидарен даноk ќе треба да плаќаат повеќе. На сметка на тоа, оние кои и до сега не плаќале, кои се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментирајќи го предлогот на Владата за воведување солидарен данок.

Според него, не смее да има привилегирани и граѓани од втор ред, посочувајќи ги актуелните случувања во селото Слупчане, во кои, нагласи, дека цела Влада е вклучена во убедување на жителите да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по закон треба да го прават.

Еве овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98 проценти на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе во Вевчани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилегирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух трансформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.