Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува да се постигне договор меѓу синдикатите и Владата за платите во јавниот сектор.

Работниците кои се во јавниот сектор, но и не само тие кои sе во јавниот сектор, генерално работниците во Македонија заслужуваат поголеми примања имајќи ја предвид тешката економска ситуација во која се наоѓаме. Инфлацијата руши рекорди, највисока е во Европа. Најмалку што може Владата да направи како работодавач, но не само и Владата, туку и сите оние работодавачи коишто може да дозволат и коишто нивниот бизнис им дозволува треба да ги споделат овие тешки моменти заедно со работниците затоа што мораме да ги задржиме луѓето тука. A начинот да ги задржиме тука, е токму нивниот труд да биде соодветно валоризиран и платен – вели Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.