Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.
Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот – рече Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Таа посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за нашата економија јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките што се водат и дека нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.