Додека власта прави пиши – бриши политика на јавноста и соопштуваат лажни информации како тие биле против отворање на рудникот Иловица. СДС и ДУИ ако беа против отворање на рудникот во Иловица немаше да одлучуваат на седница на влада за спојување на концесиите. Она што го гледаме сега е обид за тргање на одговорноста која исклучиво тие ја имаат. Но јавноста повторно виде дека СДС и ДУИ биле лицемерни кога воделе кампањи сите овие години, бидејќи во првиот момент кога видоа бизнис прилика за лица блиски до владејачките партии заборавија на сите ветувања.

Власта треба да даде одговор на сите сериозни и сомнителни прашања кои што се поврзуваат со ДУИ и СДС и луѓе блиски до нив кои се дел од сопственичката структура.

Владата од една страна носеше одлука за спојување на концесиите, па од друга страна владини претставници протестираа против истата таа одлука и велеа дека биле доведени во заблуда, за само неколку дена подоцна да направат чекор наназад и да ја поништат одлуката за спојување на концесиите. Ваквите потези почитувани се доказ дека договорената работа на власта за рудникот Иловица не им одеше според планираното, па затоа следеа панични изјави и непромислени одлуки.

Фактите го говорат следново: одлуката за доделување на концесија е донесена во 2017-тата година од владата на СДС и ДУИ, истата е поништена во 2019-тата година, за потоа кога Дестани кој што важи за близок до ДУИ влегува во сопственичката структура на „Еуромакс Ресурсис“ и само 15 дена подоцна, институциите носат одлука со која се поништува одлуката за едностраниот раскин на концесијата.

Ова е суштината на случајот Иловица и ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да дадат одговор на јавноста.

Прво, дали целта на власта е рудникот да се изгради и дозволиле тоа да го работи фирма која што нема никакво искуство за ископ на бакар и злато, или пак второ, целта е Македонија да се најде на арбитража, фирмата да ги земе парите од арбитража по добивање на случајот и потоа тие пари да завршат кај оние кои што им ја завршиле услугата, а тоа е власта во моментов.

СДС и ДУИ водат лицемерна и неискрена политика штетна за граѓаните на Македонија.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.