Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска заедно со заменик министерката за финансии, Елена Петрова и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во Визбегово се сретнаа со неколку компании.

Посочи дека ваквите средби се убави бидејќи може да се разговара со различни компании и партијата да може да им ги понуди нивните мерки во наредниот период, а дека во текот на денот ќе продолжат да се среќаваат и со различни целни групи, за да ги видат различни активности на терен што градоначалникот моментално ги работи.

Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага, сакам секој еден да знае, е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри. Како што спомна и министерката има премногу сива економија, но има многу проблеми како малите компании да се развиваат, посочи Мисајловски.

Тој додаде дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.

Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме. Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија. Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.