Вечерва во Клик Плус на ТВ21 Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година вели дека „многу луѓе заминуваат во Хрватска во Германија заминуваат за подобар животен стандард, они ветуваат многу подобрување но за жал не е така“.

– Во минатото имаше поголеми економски кризи ако се сеќавате и платежни кризи и во тој период најмногу се како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада сегментот најмногу беше на странски инвестиции на привлекување на квалитетни компании да дојдат во Македонија што повеќе граѓани да имаат простор за своја работа. Последниве седум години јас мислам дека на прсти можат да се избројат колку компании дошле еве странски квалитетни а многу луѓе пак заминуваат во Хрватска во Германија заминуваат за подобар животен стандард. Они ветуваат многу подобрување и уште ветуваат во економијата но за жал не е така, вели Владо Мисајловски во емисијата Клик Плус на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.