Дел од министрите во Владата денеска на прес-конференција за измените и дополнувањата за закони поврзани со реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, на новинарско прашање колку им се зголемени платите, не дадоа одговор.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, рече дека во однос на платите, нема ништо незаконски и оти сите плати се различни.
Платите се во согласност со законот. Навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука, затоа што од 2011 година е замрзнат коефициентот и по однос на платите апсолутно нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одлука што е донесена во 2011 година за замрзнување на коефициентот и ова прашање беше дебата од страна на пратениците веќе 12-13 години. И добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што би значело дополнителни 12 години, рече Груби.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во однос на новинарското прашање само додаде дека станува збор за 1.600 функционери.
Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, советници на општините, директори… Многу широк опфат, рече Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.