Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал прокет вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава – 22,9 милиони евра.
Претходно, Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот на кој за надзор врз изградбата на новите автопати беа избрани фирми од Хрватска и од Македонија. Раководството на ЈПДП соопшти дека постапката е поништена и договорот шт беше потпишан минатата недела е ништовен затоа што добитникот на тендерот не доставил банкарска гаранција на износ од 2,6 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ тогаш ја обвини власта дека местејќи го надзорот пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра за 3 автопатски делници.
Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.
Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид, која 6 години не е помрдната ниту милиметар. Од друга страна, пак, поради реконструкцијата на 5 километри, автопатот Петровец – Каталаново половина година е нефункционален и се вози во една лента.
Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.