Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување во емисијата „Јади бурек” коментираше за енергетската криза во Република Македонија и резултатот кој во Македонија доведе таа да е на високо ниво, односно кражбата која се прави во термоенергетскиот систем.

Мицкоски рече дека ако се погледне програмата на СДСМ за 2016 и 2020 година, таму се вели дека ќе се модернизирал Осломеј, РЕК Битола итн, но вистината е дека немаат ниту една шајка заковано туку напротив – имаат одземено од таму.

Денеска ако појдете да пресметате и да видите за ископ колку работат багерите, т.е. компаниите кои што имаат договор за ископ во РЕК Битола, ќе видите дека денот не трае 24 часа, 36 трае, кога ќе ги пресметате сумите. Годината не трае 365 или 366 дена ако е престапна, трае 500 дена. – додаде Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сето ова го покриваат со тоа што никој обвинител нема храброст да поведе истрага, а камо ли да дојде до судија за да почне судски процес. Но, како што рече, ќе дојде и до тоа кога ќе се ослободи Македонија од рацете на СДСМ.

Сега работата е дојдена до таму да требаат многу пари, знаење, посветеност и чесна работа за да се оправи сето ова. Но ако постапеа кога ги предупредивме, уште во април месец 2021 последен пат ако не се лажам, сето ова им го нацртав. Тие велеа дека глупости зборувам, сум го плашел народот, ме исмеваа, врска немам итн – во ноември дојдовме до тоа што го реков.
И сега за што зборуваме, зошто народот да ги плаќа овие луѓе? Тие се свесни дека не можат понатаму и се свесни дека немаат идеја, тие се свесни дека отишле премногу далеку и сега не сакаат да се повлечат затоа што се плашат од казната. Се плашат од казната на народот. – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.