Внимателно го следам ова што го прави Владата најпрво со тендерите во четири очи во РЕК Битола и во Осломеј, а потоа и со набавката на струја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Бутел.
Мицкоски истакна дека владата за само еден месец потрошила 33 милиони евра или како што рече 1,1 милион евра на ден за набавка на струја од странство, посочувајќи дека доколку власта работеше и исполнеше барем 50 проценти од она кое што го ветуваше дека наместо тие 33 милиони евра да се крадеа, ќе имаше повеќе пари за изградба на школи, за студентите, за здравството, за земјоделците.
За само еден месец прецизно е 33 милиони евра за набавена струја од 7 ноември заклучно со 7 декември, бидејќи последната набавка го опфаќа период од 5 до 7 декември. 33 милиони евра, тоа е повеќе од 1,1 милион евра на ден. Зошто е тоа така? Затоа што ако се сеќавате не убедуваа дека РЕК Битола ќе работи во грејната сезона со трите блока, Осломеј ќе работи и Неготино ќе работи со двата котли. Денеска Неготино не работи, Осломеј не работи и работи само еден блок од РЕК Битола. Што значи тоа? Ако тоа сценарио ни го претставуваа овие “хероите“ оти нели херои биле они, херојски било да се потпишува капитулација и предавства на својот народ, ама кога е крадењето во прашање тоа е веќе најхеројски потег, тука не може да бидат поголеми херои од нив, тие се принцови на херојскиот криминал во Македонија. 33 милиони евра само за еден месец затоа што не работата, ниту Битола 2, ниту Битола 3. Битола 2 не работи затоа што они велеа дека на прв ноември ќе дојде трансформаторот, а денеска сме 3 декември во Македонија не е. Ни велеа дека Неготино поради плански ремонти ќе влезе на мрежа до крај на ноември, денеска сме декември абер нема. Зошто? Затоа што има дефект на регенераторот. Осломеј не работи, пукна цевката пред два дена во Битола 2 и Битола 2 не работење па поткраднуваа малку со систем оператори, рече тој.
Кога сето ова немаше да постои, и кога ќе се работеше како што велеа ние ќе бевме побогати за 33 милиони евра и ќе имаше повеќе за школи, за здравство, за студентите, за пензионерите, за земјоделците. Ќе имаше за сите повеќе односно 33 милиони евра ако барем 50 проценти од тоа што го ветуваа го исполнеа, но за жал тие одлучија да бидат ортаци во херојското крадење и пљачкање на народот. Но, ќе дојде крајот, доаѓаат избори и потоа следи одговорност. И мора секој да е свесен дека се ближи денот кога ќе има одговорност, после да нема плачење и кукање, затоа предупредуваме уште сега, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.