На локацијата во ГТЦ е отворен нов пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. Пунктот се наоѓа во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на улицата „11 Октомври“ 9, изјави помошник на директорот за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

Таа посочи дека новиот пункт за потрошувачи е направен согласно стандардите, а потрошувачите можат да ги платат фактурите за топлинска енергија издадени од ЕСМ СНАБДУВАЊЕ и да склучат на договори, како и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура.

Истите услуги нашите потрошувачи можат да ги добијат и во другите два пункта на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ на кои функционираат од 15-ти октомври, едниот лоциран во населбата Тафталиџе и другиот лоциран во населба Аеродром, додаде Маројевиќ.

Работното време на сите три пункта е од понеделник до петок од 07:30 до 19:00 и сабота од 08:00 до 13:00 часот. Пунктот на ЕСМ Снабдување кај Олимписки базен не е повеќе во функција.

Таа информираше дека ЕСМ Снабдување со топлина ги изработи фактурите за топлинска енергија за месец октомври, нивната достава е завршена, а во тек е нивната наплата. Износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август и септември.

Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ги добија фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ја добија во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи ја добија фактурaта во хартиена форма на својата адеса на живеење, додава Маројевиќ.

Таа ги повикува сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што, како што вели, е тоа најсигурен, најбрз и најекономичен начин на достава.

Инаку, додава, испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива непречено.

Во овој момент, како што посочи, нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ и нема затворен објект за испорака на топлинска енергија по тој основ. Топлинска енергија се испорачува до сите објекти приклучени на системот со кој управува ЕСМ.

Ги повикувам потрошувачите за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, додава Маројевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.