Мицкоски во интервјуто за „Република“ објаснува дека високата инфлацијао е резултат на неспособноста на власта.

Ако е увезена, како тогаш во ЕУ  е двапати помала од Македонија, таму е околу 10 посто а кај нас 20. Ние имаме убедливо највисока инфлација и тоа значи дека се неспособни. Власта сега ко креира буџетот за следната година и велат дека ќе имаат историски буџет во делот на расходите од 5,3 милјарди евра.Но исто така и во приходната страна односно од тоа што го собираат од граѓаните и од стопанство ќе бил рекордно висок. И сега како тие калкулираат дека ќе имаат дополнителни приходи.Велат дека поради високата стапка на инфлација која што ја предвидуваат на 7,7 проценти и поради тоа што предвиделе раст на БДП од 2,9 посто што демек ќе стимулира потрошувачка ќе имале повеќе пари во буџетот од 400 милиони евра. Сметаат и на 80 милиони евра грантот од ЕУ и останатите се од даноци.Но кои даноци: данокот на приход, данокот на личен доход и скалестото одоначување.Затоа треба бизнис заедницата и стопанството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.