Држава сме со највисока стапка на инфлација на Балканот, нема повисока од нас. Инфлацијата е стандардот на граѓаните. Некој навреме не обезбедил за да ние сега имаме нафта и гас. Нафтата има начини како се купува и цената во малопродажба се определува врз основа на берзанската цена од Регулаторна комисија. Но, акцизата којашто се зголемуваше не е берзанска, тоа е одлука на влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски на оправдувањата на власта дека треба да се полни буџетот од нешто, потенцираше дека буџетот се полни со помалку крадење, а не на грбот на граѓаните.
Погледајте во ребалансот на буџетот колку пари предвиделе за стоки и услуги, рекордно највисоко ниво. Никој жив не видел кај се скратени непродуктивните трошоци, а пораснале парите за стоки и услуги, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека власта навреме да размислуваше горивата и енергијата ќе се обидеше да договори со некоја земја да се складира гас кој ќе го користиме во зима за греење.
Ако некој денеска влезеше во аранжман со Австрија, Унгарија и да складира 400 милиони метри кубни гас летово, и истите да ги искористиме во зима за затоплување, ќе плаќавме три пати помала цена. Ама тие не го прават тоа, ниту има кој да ги прими да договорат таква работа, изјави Мицкоски.
Мицоски исто така нагласи дека наместо да трошат стотици милиони за проектот за централата во Грција, подобро да закупеа во Пакс 15% во нуклеарката, што е сериозен еквивалент, ќе имавме да надоместиме една РЕК Битола во секој момент по цена која ќе биде многу поевтина од ова што денеска се плаќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.