Од 2007 до 2016 година, БДП во тој период се зголемил за четири милијарди 185 милиони евра, или околу 418 милиони евра. И кога тоа ќе се спореди со оние јавен долг од просечни 290 милиони евра годишно тогаш доаѓаме до позитивна сметка на крајот од годината од 128 милиони евра. Значи Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се задолжувала, но и ја развивала економијата. И затоа БДП растел за 128 милиони евра годишно повеќе отколку што растел јавниот долг. Додека пак Владата на СДСМ се задолжувала но БДП не растел колку што таа се задолжувала, и таа се задолжувала за 160 милиони повеќе евра отколку што растел јавниот долг. Ете тоа е зошто ние се наоѓаме денеска во една ваква ситуација, и зошто Македонија има висока инфлација – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисијата „Јади бурек“.

Мицкоски додаде дека Македонија со СДСМ на власт има огромна негативна сметка на трговската размена со Европа и таа се зголемува од година во година, покриеноста на извозот со увозот.

И денеска владиниот економски тим кога ќе го седнете и кога ќе го прашате како се живее, ќе ви рече убаво, убаво е зашто тие живеат убаво, убаво ги користат привилегиите на системот, тоа што народот им го овозможил. Истовремено ќе ви велат да ама кризата е увезена. Е, сега се поставува прашањето како е кризата увезена, кога инфлацијата во Македонија е за два пати повисока од инфлацијата во Европа – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека инфлацијата во Македонија не е само висока поради увезената криза.

Ако вие дома работите доволно, ако вие дома произведувате доволно, ако доволно извезувате, тогаш и оваа увезена инфлација која што не можеме да ја занемариме ќе ја намалиме. Акое увезената инфлација 9 – 10%, вашиот успех ќе биде домашната инфлација да биде 5-6 или7%, а не 20% колку што е нашата. Во август месец беше 18,7% и тоа се должи најмногу поради тоа што цените на основните прехранбени производи се зголемиле многу 30 па и повеќе проценти. Тука се млеко, месо, леб, јајца, масло, итн. И тука го доведуваат во опасност целокупниот систем – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.