Деновиве, Европската комисија го објави нацртот на Извештајот од скрининг процесот на Кластер 1 – Фундаментални вредности во кој се опфатени поглавјата:
- Поглавје 23 – Судство и фундаментални права
- Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност
- Поглавје 5 – Јавни набавки
- Поглавје 18 – Статистика
- Поглевје 32 – Финансиска контрола
а кои се спроведоа во периодот од септември до декември 2022 година.
Поглавјето 18 – Статистика – беше разгледувано на објаснувачкиот состанок со претставниците на ЕК – Евростат на 16 септември 2022, а потоа во ноември (14-15) се одржа билатералниот состанок со Евростат во Луксембург.
Оценката на Европската комисија е дека македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди.
Она што го забележува Европската комисија и што го препорачува е алокација за соодветни ресурси за да се постигне целосна усогласеност со европското законодавство.
И во оценките на посебните домени на статистичка продукција, Европската комисија констатира високо ниво на усогласеност и препорачува натамошни активности за постигнување на целосна усогласеност.
Ова е уште една потврда, како што впрочем Европската комисија во последниве 5 години констатира и во годишните извештаи за напредокот на Република Македонија, дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа во Република Македонија, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ.
Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период, а кои, пред сè, се однесуваат на хроничниот недостиг на стручен кадар, недоволните финансиски средства за реализација на статистичките истражувања и за воведување на нови.
Сепак сме горди и задоволни од постигнатото и со надеж дека на отворањето на Поглавје 18 во преговарачкиот процес со ЕУ, ќе имаме постигнато целсона усогласеност со европското законодавство во областа на статистиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.