Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, останува целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8.
Ова, како што соопшти Министерството за транспорт, бил ставот на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел остварила работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговарало за железничкото поврзување меѓу двете земји.
Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесносот од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација. Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа. Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока, се наведува во соопштението.
На состанокот од страна на претставниците од Бугарија е истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но е изразена подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.
На средбата е заклучено двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект.
Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа, стои во соопштението од Министерство за транспорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.