Како резултат на тоа што Македонија реши да ја синхронизира својата надворешна политика со ЕУ, таа беше додадена на листата на непријателски земји од страна на официјална Москва што се одрази на цените на природен гас увезен од Русија, при што Македонија плаќа трипати поскапо од Србија и Босна, се наведува во анализата (.пдф) на Институтот за дигитализација, економија и иновации, ИДЕИ.
Епилог од цените: Лани увозот на Македонија од Русија достигнал рекордно високо ниво. Во 2022 година во Русија сме префрлиле 419 милиони евра.
Македонија бележи најголем пораст на увозот на стоки од Русија од земјите од Западен Балкан; 2,5 пати повеќе во 2022 година во однос на 2021 година.
Растот на цените на минералните горива резултираше со невиден притисок врз владиниот буџет и економските оператори што резултираше со пораст на потрошувачките цени за 14,2% во 2022 година“, се наведува во анализата на ИДЕИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.