„Институциите и администрацијата се тие што треба да помагаат со давање услуги и спроведување процеси, но во разумна временска рамка. Не треба ако одите на шалтер, потоа да чекате 15 дена за уверение или барање. Мора да имаме процеси на модернизација“ рече директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во „Само интервју“ на Канал 5.

Таа додаде дека реформата на јавната администрација е процес кој е започнат и за кој има соодветна стратегија.

„Почнати се пилот проекти во Министерството за земјоделие, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за економија. Таму е влезен процесот на оперативност, рационализација и оптимизација. Очекуваме дека наредните чекори ќе одат позасилено“ рече Лукаревска.

Таа кажа дека не станува збор за бркање на администрацијата, туку за креирање на стабилна и ефикасна администрација која ќе ги надмине моменталните слабости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.