И кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров – Гна, влегува во бизнисот со електрична енергија, пренесува „Фактор“, додавајќи дека струмичкиот бизнисмен ја регистрирал компанијата „Грин Енерџи Гна“ во Сушица, Општина Ново Село.

Минатиот месец Гна започна бизнис со млеко, а истовремено формираше и фабрика за одгледување канабис, исто така во Сушица.

За управител на новата фирма за струја, пак, е поставена неговата ќерка, некогашната инфлуенсерка Љупка Митрова.

Покрај Гна, во бизнисот со електрична енергија, како што тоа своевремено беше со канабисот, влегоа и други блиски лица на Заев. Компании за производство на електрична енергија формираа и негиовиот син Душко Заев и братот Вице Заев, а големи амбициозни потфати со соларните централи имаат неговите бизнис-партнери – синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.