Кумашинката на Зоран Заев, Љупка Митрова, на социјалните мрежи се пофали дека е во Брно, Чешка, заедно со тимот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

Македонската делегација, на чело со министерот Љупчо Николовски, е во тридневна официјалната посета на Република Чешка, во рамките на која придружувани од пет македонски компании од агросекторот, присуствуваа и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно.

Струмичанката се претставува себе како блогерка и инфуенсерка, а на „Инстаграм“, каде секојдневно објавува провокативни фотографии, има над 100 илјади следачи.

Мојата појава била инфлуентна уште кога знам за себе, од секогаш сум се издвојувала од опкружувањето. Едноставно тоа е во мојата природа, тоа сум Јас, изјави таа во интервју за „Убава.мк“.

Триесетиедногодишната Митрова е разведена и мајка на две деца. Во регионот се прослави како девојката на победникот на „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко.

Таа важи и за голем поддржувач на кумот Зоран Заев, и редовно му ги честита сите негови успеси.

Како што неодамна пишуваше „Инфомакс“, таткото на Љупка, Горан Митров – Гна е кумашин на Зоран Заев и бизнис ортак на Вице Заев, дел од струмичката градежна мафија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.