Со поставувањето камен-темелник за големиот дистрибутивно-логистички центар, германската компанија „Лидл“ официјално ја почнува својата приказна во Македонија.
Овој центар ќе биде точката во и од која ќе се координира снабдувањето и работата на сите „Лидл“ маркети што ќе бидат отворени во земјава. Поставен на стратешка локација, долж Коридорот 10, односно патниот правец Атина – Белград, но и на исклучувањето на патот кон Бугарија, дистрибутивни-логистичкиот центар ќе се простирта на површина од 170 хектари во кумановската индустриска зона Речица.
Самиот објект ќе биде со површина од 64 илјади квадратни метри, а ќе има обезбеден простор за 100 камиони, како и 270 автомобили. Како што соопштија од комапнијата, инвестицајата е вредна 80 милиони евра, а предвидено е во овој дистрибутивно-логистички центар да бидат отворени 150 работни места.
Конструиран според современи технологии и приспособен за ефикасно работење во голем обем, логистичкиот центар ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на операциите. Објектот ќе исполнува високи еколошки стандарди и ќе биде опремен со фотолтаични панели кои ќе обезбедуваат 1,7 мегават часови електрична енергија.
Дополнително, за затворање на покривот ќе се користи материјал од рециклиран отпад, а внатре ќе се постави енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. Објектот ќе се загрева со отпадна топлина од системот за ладење и целиот генериран отпад ќе се рециклира.
Според информациите од компанијата во моментов се одвива тендерската фаза за избор на генерален изведувач, а изградбата на логистичкиот центар ќе почне во следниот период.
Денеска ја претставуваме нашата најголема инвестиција во Македонија, нашиот логистички центар. Овде, заедно со нашиот тим, кој во моментов брои повеќе од 100 вработени, сакаме да го имплементираме искуството што го стекнавме во повеќе од 30 земји со ист стандард и ист квалитет. Ќе инвестираме околу 80 милиони евра само во изградба на логистичкиот центар за да создадеме модерен и одржлив објект, според најновите градежни стандарди. Лидл е одговорен, сигурен и фер партнер и за купувачите и за своите добавувачи. Дел од нашата корпоративна политика е воспоставување долгорочна и сигурна соработка со локалните производители“, изјави Рубријан Хаџиев, генерален директор на „Лидл“ Македонија.
Компанијата „Лидл“ е една од водечките компании во прехранбената индустрија во Германија и Европа. „Лидл“ моментално работи со над 12.200 продавници и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Како супермаркет со пониски цени, „Лидл“ го вреднува оптималниот сооднос цена-квалитет за своите потрошувачи. Едноставноста и посветеноста кон процесот ги одредуваат секојдневните делувања во продавниците, регионалните дистрибутивни центри и услугите на компанијата. „Лидл“ во моментов има околу 376.000 вработени на меѓународно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.