Компанијата „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово, објави Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец за изградба на логистички центар.
Компанијата купи површина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.
На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена имала „Лидл“, македонската подружница со седиште во Скопје.
Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општината.
Како што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.