Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија. Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%, соопшти Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година. Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%. Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите. Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и полицијата. Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери – изјави Лефков.
Тој додаде, покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%. 2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните.
Владата договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година. ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата – потенцира Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.