Во периодот јануари – ноември 2021 година, од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 390,084 милијарди денари (6,329 милијарди евра), што е за 20,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период увезена е стока во вредност 535,648 милијарди денари (8,691 милијарди евра) или за 27,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2020 година. Трговскиот дефицит изнесува 145,563 милијарди денари (2,361 милијарди евра), а покриеноста на увозот со извоз е 72,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.
Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.