Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор, велат од КСС во свое соопштение.

Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија.

Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, се вели во соопштението и се додава: Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.