Кризата е голема. Нашата економија е мала и ние не може да влијаеме на светските пазари, но ќе се потрудиме за да придонесеме за олабавување. Со сетот мерки што го донесовме сме меѓу првите во регионот со ваков сет за заштита на граѓаните и компаниите, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ Анализа на ТВ 24, при што истакна дека се следи состојбата и дека зависно од тоа како ќе се развива сосотојбата може да има и нови мерки.
Кога се работи за ваков голем пакет, не можеме нешто преку ноќ да смениме. Ние сме меѓу првите што воведовме вакви мерки во регионот. Сега со измените воведовме механизам со кој која било влада ќе има инструмент со кој ќе може да реагира брзо во кризни ситуации и да пружи помош на граѓаните. Не застануваме тука. Кризата е голема, нашата економија е мала, и не можеме да влијаеме на светските пазари, но ќе се потрудиме и ќе се организираме за да придонесеме за олабавување. Затоа е апелот за штедење и рационално користење на енергенсите, истакна Бесими.
Во гостувањето потенцира дека Буџетот е ликвиден и дека се прават анализи за ребаланс, кој ќе ги отслика потребите во одредениот момент. Не прецизира кога би бил доставен ребалансот, но наведе дека во услови на криза, како што беше здравствената, имавме и два ребаланса и прераспределба.
Потенцира дека она што беше најавено со препорака за штедење од страна на институциите ќе се преточи во владина одлука која се однесува на сите за рационално користење на ресурсите.
Во однос на обезбедувањето средства во Буџетот за мерките, рече дека за дел има, за дел се прават реалокации и дека проекцијата согласно Буџетот за 2022 е државата да се задолжи 600 милиони евра, кои можеби во целост ќе се бараат на надворешниот пазар, зависно од условите, но можеда биде и дел на надворешниот, дел на домашниот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.