Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ. Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат – изјави носителот во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ; Димитар Ковачки, кој денеска беше во Свети Николе.
Тој остварил средба и со пензионерите и со земјоделците, за, како што вели, ги види категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС.
Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието. Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија.
Сите граѓани ги замолувам и повикувам на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените, да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија – рече Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.