Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ потсети дека уште на првиот ден од мандатот на оваа Влада тие се соочиле со проблем со затоплувањето на Град Скопје, затоа што, како што додаде, Скопје едноставно не сакало, иако е во негова надлежност, да се занимава со ова прашање. Премиерот истакна дека тогаш Владата успеала да обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија.
-Истото се случи и оваа зима, управувањето со снабдувањето за Скопје беше преземено од страна на ЕСМ и беа обезбедени потребните количини на гас за затоплување во топланите и испорачување на топлинска енергија на граѓаните. Во меѓувреме се работеше на неколку активности, првата е зголемување на капацитетот односно на притисокот и можноста за набавка на гас од други извори на единствениот Итер-конектор што Македонија го има а тоа е Интер-конекторот на Жидилово и по потпишаните договори со Булгартранс и ГА-МА од наша страна со помош на нашите стратешки партнери беше овозможено зголемување на капацитетот на овој интерконектор, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека дополнително, втора активност била донесување на потребните подзаконски акти кои практично значат либерализација на трговијата со гас во државава.
– ЕСМ веќе информираше дека тие имаат спроведено јавен повик за набавка на гас до сите медиуми и граѓани е достапно дека гас ќе има од јануари за топланите, за ЕСМ енергетика, како и за големите потрошувачи кои што користат гас во своите производствени и услужни капацитети и тој ќе биде набавен од компанија која што „Balkan Utilities“ која што има понудено пониска цена од втората понуда која што има дадено компанијата за трговија со гас во сопственост на МАКПЕТРОЛ и има уште една понуда која не била конкретна и не можело да биде земена предвид, кажа Ковачевски.
Во однос на понудите на опозицијата за поевтини енергенси, во интервјуто тој одговори дека тоа што го правела опозицијата е несериозно.
-Јас никогаш ова не го коментирав само кажав дека адресата која што е за доставување на понуди е ЕСМ. Вие се сеќавате претседателот на ВМРО – ДПМНЕ прво кажуваше дека има контакти, па потоа тие контакти станаа позиции па на крај се заклучи дека се работи за компанија која достави само некаква ориентациона понуда без притоа да ги достави другите документи потребни според законската регулатива, тоа се банкарски гаранции, сертификат за квалитет на гасот итн. Дури во одреден момент кажаа дека не можат да испорачуваат, така што тоа беше еден несериозен пристап иако министерот за економија, директорот на ЕСМ остварија состанок на којшто кажаа кои се условите за набавка на гас, но тоа не беше направено низ целиот период. Сега се потврди дека на јавен повик тие кои ја доставиле целата документација со соодветни цени дека се земаат предвид, избран е најдобра понуда за месец јануари. Потоа согласно постапките ЕСМ ќе избира најдобра понуда и за наредните месеци, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.