Премиерот Димитар Ковачевски денеска демантираше дека министерот за правда Никола Тупанчевски се налутил и затоа ја потпишал еврообрзницата од 600 милиони евра.
Претходно министерството за финансии соопшти дека привремено се откажува еврообврзницата затоа што недостигал потребниот потпис од министерот Тупанчевски, кој веќе е извесно дека ќе биде заменет со кадар од новиот влчадин колаиционен партнер Алијанса за Албанците.
– Тоа е процедурално прашање, тој е во оставка и не е до тоа дали некој сакал или не сакал да потпише. На тој ден не ја потпишал, затоа што бил во оставка, рече Ковачевски на настан во Волково на отворање на нова детска градинка.
Тој уверува дека откажувањето на еврообврзницата нема да го намали кредитниот рејтинг на Македонија.
– Неиздадената еврообврзница нема да влијае негативно на рејтингот. Не сакавме да правиме прекршувања, било какви, во постапката до изборот на нов министер за правда. Вчера инвеститорите беа информирани, беше информирана и инвеститорската јавност преку Блумберг. Таа ќе биде повторена и ќе биде успешна штом ќе биде извршена реконструкцијата на владата, дополни Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.