Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан.

 Денешниот чин, е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодат ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земјата но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8, и на сите кои ќе минуваат низ него. Без разлика дали говориме за НАТО или говориме за ЕУ, или говориме за инвестициите во гасоводи, автопати, ветерници и сончеви централи, токму нашите остварувања докажуваат дека работиме за интересите на сите граѓани, а најмногу во интерес на идните генерации кои ќе имаат подобар живот со овие наши чекор, одлуки и инвестиции. Во тоа се гледа нашето државничко постапување сите овие години – во преземањето храбри одлуки кои утре ќе го направат подобар животот на сите граѓани, без разлика дали тие достигнувања се случиле во еден мандат на една Влада. Ние не сме тие кои ќе калкулираат со ситни политички поени, туку сме тие кои ги решаваат крупните прашања напластени со децении, без партиски калкулации и само за јавен интерес, изјави премиерот Димитар Ковачевски на церемонијата при поставувањето на камен темелник на проектот Коридор 8.

Ковачевски истакна дека со геостратешката позиција и Коридор 8, Македонија станува неизбежна транспортна рута, како во регионот, така и пошироко.

Toa e камен темелник и на нови инвестиции, отворање на нови пазари, можности за нови соработки, како меѓу домашните, така и со странските компании. Се отвораат нови работни места, нов економски развој. Тоа значи поврзување на државата со другите земји од Европа, развиен туризам и безбедни и сигурни патишта за граѓаните. Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој Коридор 8, станува вистинска раскрсница на Балканот, рече меѓу другото премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.