Електричната енергија и затоплувањето на Скопје ни беа две теми на кои се фокусираме периодов. Сè ќе направам граѓаните да имаат топли радијатори. Ветивме дека како Влада ќе направиме преземање на БЕГ со цел државата да обезбеди топлинска енергија и тоа вечерва е веќе завршено, напиша премиерот Димитар Ковачевски.
Имаме стари луѓе, имаме деца, имаме болни и не може да ги оставиме без греење. Што се однесува со цените на електричната енергија, нема да дозволиме енергетската криза силно да удри врз џебот на граѓаните. Не дозволивме зголемувањето на цените на електричната енергија и трошоците за парно да се прелее кај граѓаните, туку поголем дел од товарот го презема Владата. Ќе следат и други мерки за финансиска поддршка на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.